Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт вели дека утрешниот меч за Македонија ќе биде обид за да си ја врати гордоста која ѝ беше повредена по оние 7-0 на Олд Трафорд.
Категорија: Англија 19.11.2023 21:06
Англија ја прегази Македонија во првиот меч меѓу овие репрезентации во квалификациите за ЕП. На Олд Трафорд загубивме со 7-0, тоа беше нашиот највисок пораз во историјата.
„На утрешниот меч Македонија ќе се обиде да си ја врати гордоста, ривалот беше ранет на оној меч во Манчестер“, вели Саутгејт.
„Ние во овие мечеви сакаме да го склопиме тимот кој ќе игра на Европското првенство, сите играчи мора да се свени дека конкуренцијата е голема. Не бевме на потребното ниво со Малта, утре сакаме да го промениме тоа и да ја вратиме нашата игра“.
„Утре очекувам добар натпревар, полн стадион и одлична атмосфера“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.