Италија вчера ги освои трите бодови против Македонија, но уште дојде до билетот за континенталниот собир кој идната година ќе се одржи во Германија.
Категорија: Италија 18.11.2023 14:07
Англија веќе се пласираше на ЕП и тоа како пропласирана, за второто место останаа да се борат Италија и Украина.
Овие две селекции имаат меѓусебна пресметка во последното коло, директен дуел по кој ќе се знае кој покрај Англичаните ќе оди на Европско.
Натпреварот меѓу Украина и Италија се игра во Леверкузен, Украинците не можат да бидат домаќини во својата земја поради воената состојба.
Двете селекции имаат ист број на бодови, по 13. Предност имаат Италијанците поради победата над Украина на Сан Сиро од 2-1.
Поради тој резултат, на Италија ѝ е доволно и реми во понеделник, додека Украина има само една опција, мора да победи за да се пласира на Европското првенство.
Ако се случи Украина да го добие мечот, нема да се срушат сите надежи за Италијанците. Тие се уште ќе имаат шанса за Европско, преку плејофот од Лигата на нации.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.