24фудбал

УЕФА не им дозволи минута молчење, Полска и Израел ја надмудрија, го направија тоа на посебен начин! (ВИДЕО)

Селекциите на Полска и Израел до 21 година, најдоа начин како да оддадат почит со едноминутен молк и покрај тоа што не добија дозвола од УЕФА.

Останато

Израелците побараа да има минута молк пред мечот со Полска во чест на жртвите на Израел кои загинаа во војната со Палестина, но УЕФА го одби предлогот.

Сепак фудбалерите на двете селекции одлучија да не играат во првата минута. Ја изведоа топката од центарот и само стоеа на теренот оддавајќи им почит на израелските жртви.

Натпреварот го судеше судиска четворка од Македонија на чело со главниот судија Јован Качевски од Струга.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.