24фудбал

Емотивен меч: Луис Дијаз даде два гола за победа на Колумбија над Бразил, неговиот татко со солзи славеше! (ВИДЕО)

Со два гола на Луис Дијаз, Колумбија го победи Бразил со 2-1, таткото на фудбалерот кој до неодамна беше киднапиран, со големи емоции ги прослави погодоците на неговиот син.

Јужна Америка

Бразил поведе уште во четвртата минута од натпреварот со гол на Мартинели. Во второто полувреме следуваше четириминутно шоу на Луис Дијаз за победа на Колумбија.

Фудбалерот на Ливерпул во 75. минута даде гол за израмнување, а четири минути подоцна погоди за комплетен пресврт и победа од 2-1 над големиот Бразил.

Додека Дијаз ги даваше головите на теренот, неговиот татко кој до неодамна беше киднапиран, со големи емоции славеше на трибините.

Ова беше посебен меч за семејството Дијаз по сето она што го поминаа во изминатиот период.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.