Шпанскиот весник „АС“ пишува дека ПСЖ нема да му понуди нов договор на Килијан Мбапе, немаат намера да трошат огромни суми за него повеќе, но бараат од него да ја активира клаузулата во актуелниот договор според која ќе остане во клубот до летото 2025.
Категорија: Франција 16.11.2023 08:09
Според актуелниот договор, Мбапе е слободен по крајот на оваа сезона, освен ако не ја активира клаузулата со која ќе го продолжи договорот за уште една година.
Извори од ПСЖ за „АС“ велат дека клубот нема намера да му нуди астрономски суми за нов договор, нивното барање е тој да ја активира клаузулата.
Мбапе кој оваа сезона изгледа среќен во ПСЖ, сега е во позиција да одлучува сам што ќе прави во јуни.
Може како слободен играч да си замине на лето, покрај Реал Мадрид во минатото се поврзуваше со Ливерпул и Баерн Минхен.
Втората опција е да испадне фер кон ПСЖ, да го продолжи договорот на уште една сезона, а летото да биде продаден со што и францускиот клуб би заработил на неговото заминување.
Третата опција е да го продолжи договорот на уште една сезона и да остане во ПСЖ до јуни 2025.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.