Поранешниот фудбалер на Реал, Герет Бејл вели дека Џуд Белингам ќе треба да игра како што му „свират“ во Мадрид и практично да биде марионета, во спротивино ќе биде критикуван и на удар на јавноста.
Категорија: Шпанија 15.11.2023 17:27
Џуд Белингам изминатово лето се пресели на „Бернабеу“ во зделка вредна преку 100 милиони евра, но неговиот трансфер се покажа како полн погодок, Англичанецот игра на високо ниво и редовно ги тресе противничките мрежи и покрај тоа што се работи за фудбалер од средниот ред.
Во моментов од сите страни доаѓаат пофалби до Џуд Белингам, но Герет Бејл го предупредува дека лесно може да дојде до пресврт во ситуацијата, односно да добива критики и да биде на удар на јавноста.
Велшанецот излезе со контроверзен совет и порача: „Најголемиот совет што можам да му го дадам е да игра како што ќе му свират во Мадрид. Доколку не го стори тоа, и доколку не се однесува како што сакаат медиумите, однсно практично да биде марионета, ќе добива многу критики“.
„Веројатно тоа беше мојот најголем проблем, одбивав да го правам тоа. Едноставно сакав да играм фудбал и потоа да си одам дома“.
„Па затоа често ме напаѓаа. Мора да разговара со медиумите, и особено да разговара на шпански“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.