24фудбал

„Од социјалните мрежи дознав дека сум добил повик од репрезентацијата!“

Натпреварот против Македонија би можел да биде посебен за фудбалерот на Монца, Андреа Колпани доколку добие шанса да настапи откако го доби првиот повик во репрезентацијата на Италија.

Италија

Колпани има впечатлива сезона во Серија А, неговите одлични партии не останаа незабележани од селекторот на Италија, Лучано Спалети кој реши да го повика за престојните натпревари против Македонија и Украина.

Интересно, Колпани не бил свесен дека ќе добие повик, името си го прочитал на социјалните мрежи.

„Лудо е тоа што сум тука и ќе играм за националниот тим со шампиони какви што има во оваа селекција, тоа е нешто исклучително за мене. Од социјалните медиуми видов дека сум повикан“, открива Колпани.

„Го завршував тренингот пред мечот против Торино, го отворив мобилниот и ја видов листата на повикани фудбалери. Така дознав дека сум повикан“.

„Но се надевав на тоа, за Монца давам се од себе. Голема е емоцијата да се носи дресот на Италија, да се тренира, да се биде дел од групата, тешко ми е да ви опишам“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.