24фудбал

Мурињо се враќа во Премиерлигата?

Договорот на Жозе Мурињо со Рома истекува по крајот на оваа сезона, преговори за продолжување на соработката засега нема, па се погласни се шпекулациите кои го поврзуваат со други клубови.

Англија

Од Англија доаѓаат гласините дека Њукасл посакува да го ангажира Жозе Мурињо по завршувањето на оваа сезона.

Еди Хау би ја одработел сезонава до крајот, а потоа на негово место би пристигнал Жозе Мурињо.

Њукасл е клуб кој е во налет, има богати сопственици кои ќе му понудат и сериозен трансфер буџет на Португалецот.

Доколку ваквите гласини станат реалност, Њукасл би бил четвртиот клуб од Англија на Мурињо, тој претходно работеше во Челси, Манчестер јунајтед и Тотнем.

Покрај Њукасл, Мурињо се поврзува и со заминување во Саудиска Арабија од каде и минатото лето имаше понуди со кои можеше да стане најплатен тренер во историјата на фудбалот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.