24фудбал

Тензија во Барса: Левандоски му се налути на Јамал што не му подаде, па одби да му пружи рака (ВИДЕО)

Роберт Левандовски имаше контроверзен потег на вчерашниот натпревар против Алавес, искусниот напаѓач одби да му подаде рака на младиот Ламине Јамал, откако му се налути зошто не му подаде.

Шпанија

„Каталонците“ синоќа се помачија за да стигнат до победа во дуелот со Алавес, трите бода беа обезбедени со пресврт во второто полувреме.

Роберт Левандовски го прекина постот и со два гола донесе триумф, но на теренот имаше доста нервоза.

При резултат 1-1, искусниот напаѓач му се налути на Ламине Јамал што не му подаде една топка, па кога младото момче му пристапи и му подаде рака во обид да се смират страстите, Полјакот направи контроверзен потег и одби да се поздрави.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.