Роберто Фирмино во својата книга откри детали од соблекувалната во Ливерпул и тензијата помеѓу Мохамед Салах и Садио Мане, вели дека тој го гасел оганот, и за мир во куќа често прв бил повлекуван од игра.
Категорија: Англија 10.11.2023 12:05
Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино беа едно од најопасните напаѓачки триа во Премиерлигата и Европа, но често имаше гласини за несогласувања, особено помеѓу двете ѕвезди од Африка.
Во својата книга, Роберто Фирмино проговори за тензијата помеѓу Салах и Мане, и неговата улога на миротворец.
„Ги познавав многу добро, можеби подобро од било кој друг. Јас бев тој на теренот помеѓу двајцата. Од прва рака ги гледав нивните погледи, гримасите, говорот на телото, кога едниот му се лутеше на другиот. Можев да го почувствувам тоа. Јас бев врската помеѓу нив во нашите напади и го гаснев пожарот во тие тензични моменти“ - раскажува Бразилецот.
„Многумина сметаа дека несогласувањата помеѓу Садио и Мо (на мечот против Барнли во август 2019) е нешто што се случува прв пат, некои мислеа дека е прв и последен пат. Но јас знаев дека нешто се крчка уште од претходната сезона. Моја задача беше да ја смирам тензијата помеѓу двајцата, да додам вода на оганот, а не бензин“.
Роберто Фирмино потоа додава: „Никогаш не беа најдобри пријатели, секој си беше посебен. Ретко можевте да ги видите како разговараат, не знам дали тоа е поради ривалството помеѓу Сенегал и Египет во Африка. Искрено не знам. Но во исто време, никогаш не престанаа да комуницираат. Секогаш беа големи професионалци“.
„Никогаш не избрав страна, и затоа ме сакаа. Секогаш им подавав на двајцата, мој приоритет беше тимот и како да стигнеме до победа. Многумина се фокусираа на тоа што носев во нападот од тактичка гледна точка, но веројатно исто толку важно беше и човечкиот елемент, мојата улога на миротворец, да обединувам. Доколку не го правев тоа, на теренот ќе имаше многу бури“.
„Веројатно и затоа мене прв ме вадеа од игра. Сите тројца имавме многу различни карактери и Клоп знаеше дека никогаш нема да фрлам шише на земја или да направам некој сличен инцидент. Доколку нешто ми пречеше, ќе разговаравме приватно. Кога беше потребно да се направи замена, најлесно беше од игра да се извади Боби за да не се вознемират Салах и Мане“.
„Сите во Ливерпул го знаеа ова, ова беше најлошо чуваната тајна“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.