24фудбал

Тен Хаг: Судењето е против нас, не само против Копенхаген, туку цела сезона!

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг во судиите го впери прстот за поразот на гостувањето кај Копенхаген.

Лига на Шампиони

Манчестер јунајтед синоќа загуби од ФК Копенхаген во еден луд меч, англискиот тим беше поразен со 4-3.

По натпреварот Ерик тен Хаг имаше многу забелешки за судењето.

„Многу сме разочарани бидејќи до првиот примен гол игравме добро. Ги одигравме можеби најдобрите десет минути во сезоната, водевме со 2-0, а потоа црвениот картон се промени. Беше престрого покажан, додека нивните два гола во првото полувреме не се регуларни. Првиот е постигнат од офсајд, вториот пенал. Во досегашните четири натпревари против нас се досудени четири пенали, а тврдам дека три од нив се многу дискутабилни. И ова не е само вечерва. Ние требаше да се справуваме со многу одлуки против нас и на другите натпревари“, изјави Тен Хаг.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.