24фудбал

Јунајтед поразен во луд меч во Копенхаген, Баерн, Реал, Интер и Сосиедад веќе се во осминафинале (ВИДЕО)

Денеска дури четири екипи го заверија пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите, на две кола пред крајот во нокаут фазата веќе отидоа Баерн Минхен, Реал Мадрид, Интер и Реал Сосиедад.

Лига на Шампиони

Баерн Минхен со два гола на Хари Кејн со 2-1 го совлада Галатасарај и направи недостижна предност на табелата.

До 80. минута беше 0-0, а потоа Кејн за шест минути даде два гола за предност на Баерн Минхен од 2-0. Во 93. минута Галата преку Бакамби постигна почесен гол.

Реал Мадрид со 3-0 ја победи Брага и по четири одиграни меча има максимални 12 бодови со кои се пласира во следната фаза.

Брага можее да дојде до водство но Џало промаши пенал во шестата минута. Казната стигна 20 минути подоцна кога Брахим Дијаз даде гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Во 58. минута Винисиус даде гол за 2-0, а три минути подоцна Родриго погоди за конечни 3-0.

Интер со гол од пенал во самиот финиш го победи Салцбург на негов терен, Лаутаро Мартинез беше стрелецот на погодокот.

Од оваа група покрај Интер, понатаму се пласираше и Реал Сосиедад кој порано во денот ја совлада Бенфика со 3-1.

Арсенал со 2-0 ја победи Севиља. Тросар погоди во првото полувреме, Сака во вториот дел.

Убедливо највозбудливо беше во Копенхаген каде истоимениот тим одигра со 4-3 го победи Манчестер јунајтед.

Тимот на Тен Хаг имаше идеален почеток на натпреварот, со два гола на Хојулунд за помалку од половина час веќе водеше со 2-0. 

Но, работите почнаа да се менуваат од 42. минута кога Рашфорд доби директен црвен картон.

До крајот на првото полувреме Копенхаген даде два гола, Елијонуси погоди за 2-1, а Гонсалвес од пенал изедначи на 2-2.

Во 69. минута Манчестер јунајтед доби пенал, Бруно Фернандеш го реализираше и го врати водството на англискиот тим, но работите повторно се променија.

Во 83. минута Лерагер изедначи на 3-3, а четири минути подоцна Барџи постигнува гол за комплетен пресврт и победа на Манчестер јунајтед од 4-3.

ПСВ со 1-0 го совлада тимот на Ленс, голот го постигна Де Јонг уште во 12. минута.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.