Наполи не успеа да го победи тимот на Унион Берлин, одигра 1-1 на свој терен, Елиф Елмас не влезе во игра, Реал Сосиедад со 3-1 ја совлада Бенфика.
Категорија: Лига на Шампиони 08.11.2023 21:03
Наполи денеска со победа можеше да го завери пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите, но тоа ќе остане за другпат.
Наполитанците влегоа како големи фаворити против Унион Берлин но одиграа само 1-1.
Во првото полувреме Наполи доминираше и поведе со гол на Политано во 39. минута. Се чинеше дека нема да имаат проблеми за да го сочуваат водството.
Но, по само седум минути игра во вториот дел Фофана по една контра изедначи на 1-1 и го постави конечниот резултат.
Елиф Елмас не играше на овој меч, македонскиот репрезентативец остана на клупата за резерви.
Бенфика го доживеа и четвртиот пораз оваа сезона во ЛШ и ги загуби сите шанси за пласман во осминафинале откако денеска беа поразени од Реал Сосиедад.
Шпанскиот тим имаше фуриозен старт на мечот, по само 21 минута водеше со 3-0 со голови на Мерино, Ојарзабал и Берантешеа.
Предноста ќе беше уште поголема доколку не промашеа пенал и не им беше поништен гол. Сето тоа се случуваше во првиот половина час од мечот.
На почетокот од вториот дел Бенфика преку Рафа Силва успеа само да го ублажи поразот поставувајќи ги конечните 3-1.
GoaL! | Napoli 1-0 Union Berlin | Matteo Politano Mario Ruipic.twitter.com/ejNYzSVsZL
— FootColic (@FootColic) November 8, 2023
GoaL! | Napoli 1-1 Union Berlin | David Datro Fofana pic.twitter.com/6as9UKISIG
— FootColic (@FootColic) November 8, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.