24фудбал

Наполи убедливо победи, Елмас не влезе во игра (ВИДЕО)

Наполи со убедливи 4-0 победи на гостувањето кај Лече, Елиф Елмас остана на клупата на овој натпревар, Виктор Осимен повторно даде гол.

Италија
Се чини дека додека Руди Гарсија е тренер на Наполи, Елиф Елмас нема да се изнаигра, барем таков е впечатокот по седум одиграни кола во Серија А. На денешниот меч македонскиот фудбалер воопшто и не влезе од клупата за резерви.

На клупата беше и Осимен, но напаѓачот влезе со самиот почеток на вториот дел и постигна гол за предност од 2-0. Тој е стрелец на два меча по ред откако се налути поради ТикТок видеата кои ги пласираше клубот.

Резултатот го отвори Остигард во 16. минута, третиот гол беше дело на Гаетано во 88. минута, по само пет минути откако влезе во игра. Конечните 4-0 за Наполи ги постави Политано од пенал во судиското продолжение.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.