24фудбал

Митровиќ се крстеше и го пцуеше тренерот! (ВИДЕО)

Српскиот фудбалер, Александар Митровиќ вчера постигна нов гол за Ал Хилал, но не му се допадна тоа што во финишот беше изваден од игра.

Останато

Митровиќ даде гол во 76. минута кога ја потврди победата од 2-0 над Ал Ашабаб. Но седум минути подоцна беше изваден од игра од страна на тренерот Жорж Жесус.

На Митровиќ не му беше сеедно што излегува од игра, почна да го пцуе својот тренер и да се крсти.

На тренерите не им е лесно да ги скротат преплатените ѕвезди кои во Саудиска Арабија пристигнаа од европските клубови.