Со гол на Анхел Ди Марија, Бенфика со 1-0 го совлада Порто во Лисабон и излезе пред него на табелата во португалската лига.
Категорија: Останато 30.09.2023 08:40
Клучниот момент на натпреварот се случи во 19. минута кога дефанзивецот на Порто, Кардосо заработи директен црвен картон.
Следуваше доминација на Бенфика која домаќините ја искористија во 68. минута кога со гол на Анхел Ди Марија дојдоа во водство од 1-0 кое значеше и победа.
По седум одиграни меча Бенфика е на првото место со 18 бодови, Порто има 16. Меѓу нив е Спортинг Лисабон исто така со 16 бода, но и меч помалку, па доколку го добие тие ќе се искачат на врвот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.