24фудбал

Осимен ќе игра вечерва против Удинезе, но бара објаснување од менаџерот за социјални мрежи во клубот

Виктор Осимен е во составот на Наполи за вечерашниот меч против Удинезе и се очекува да биде стартер, но тој сака објаснува за инцидентот на ТикТок.

Италија

Осимен е бесен на Наполи откако беше исмеван од клупскиот профил на ТикТок. Според „Ил Матино“ напаѓачот сака да зборува со менаџерот за социјални мрежи во клубот за да добие објаснување зошто се случи тоа.

Утринава Осимен го отследи Наполи на инстаграм и ги избриша сликите во дрес на тимот.

Според италијанските медиуми, менаџерот за социјални мрежи во Наполи веќе му се извинил на Осимен.

Осимен не барал да добие одмор и покрај инцидентот тој сакал да биде стартер на вечерашниот меч против Удинезе.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.