24фудбал

Од денешна гледна точка изгледа смешно, клаузулата која Јунајтед ја предложил на Дортмунд при трансферот на Санчо

Медиумите од „островото“ се потсетуваат на преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд за трансферот на Џејдон Санчо и како „ѓаволите“ предложиле клаузула со која ќе исплатат бонус доколку напаѓачот биде помеѓу тројцата финалисти за престижната „Златна топка“.

Англија

Џејдон Санчо играше на високо ниво во Бундеслигата, беше постојана опасност за противничката одбрана, па се очекуваше многу по неговиот трансфер во Манчестер јунајтед вреден 85 милиони евра.

Сепак, Англичанецот не се снајде во дресот на „ѓаволите“ и неговата кариера на Олд Трафорд виси на конец откако влезе во војна со тренерот Ерик тен Хаг.

Џејдон Санчо тренира сам, нема никаков контакт со првиот тим, дури не смее ниту да јаде во кантината заедно со останатите фудбалери, и доколку не се извини, големи се шансите да биде продаден веќе во јануари.

Медиумите од „островото“ сега потсетуваат на преговорите помеѓу двата клуба од пред две години и како Манчестер јунајтед се обидел да ја намали фиксната цена со вметнување на клаузули.

Еден од предлозите бил исплата во случај Џејдон Санчо да биде помеѓу тројцата финалисти за престижната „Златна топка“. Во Манчестер јунајтед имале големи очекувања од напаѓачот, но очигледно во Борусија Дортмунд знаеле дека фудбалерот има одредени маани, па го одбиле предлогот, овој бонус за нив бил нереален.

Од денешна гледна точка, ваква клаузула изгледа смешно.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.