24фудбал

Маурисио Покетино се огласи откако сопственикот на Челси се симна во соблекувалната

Тренерот на Челси, Маурисио Покетино не гледа ништо лошо во тоа што сопствениците на Челси се симнуваат во соблекувалната и смета дека тие се добредојдени доколку сакаат да ги охрабрат фудбалерите.

Англија

„Сините“ се мачат по промената на сопственците, резултатите се слаби и покрај тоа што Тод Боли и неговите соработници инвестираа преку 1 милијарда фунти во засилувања во период од година дена.

По поразот од Астон Вила изминатиов викенд, медиумите од „островото“ објавија дека ко-сопственикот Бехдад Егбали се симнал во соблекувалната.

Минатата сезона, Тод Боли исто така влезе во соблекувалната, потег кој тогаш беше критикуван од фудбалската јавност

Тренерот Маурисио Покетино сега даде свое мислење и вели дека не гледа ништо лошо во ова, сопствениците се добредојдени во соблекувалната доколку сакаат да ги охрабрат фудбалерите.

„Немам ништо против тоа сопствениците да се симнуваат во соблекувалната. Најважно е начинот на кој им се обраќаат на фудбалерите. Доколку тоа е добар и коректен начин, доколку ги охрабруваат фудбалерите, сопствениците се добредојдени. Не гледам ништо лошо во тоа“ – вели Аргентинецот.

„Ќе биде друго доколку доаѓаат да држат говори или поради некои други причини. Но на начинот на кој сега се симнуваат во соблекувалната, секако дека се добредојдени“.

„На крајот од денот, тие се сопственици на клубот и можат да прават што сакаат“. 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.