24фудбал

Нема играно две години, но има плата од над 2 милиони и не му се мрда од Нотингем Форест!

Нотингем Форест има мака со 33 годишниот Хари Артер, кој нема играно две години, но одбива да го напушти клубот, Англичанецот преферира да си седи и да зема плата од 40.000 фунти неделно.

Англија

Изминативе години прилично беа актуелни Герет Бејл и Еден Азар, кои одбиваа да го напуштат Реал и покрај тоа што не играа. Тие беа мотивирани од финансиски причини, ниту еден друг клуб немаше да им ги даде платите и милионите кои ги заработуваа во Мадрид.

Медиумите од Англија сега пишуваат за слична ситуација во редовите на Нотингем Форест.

„Шумарите“ не можат да се откачат од Хари Артер, кој последен пат настапи за Нотигнем Форест во 2021 година.

33 годишниот Англичанец не само што нема желба да го напушти клубот, не пројавува ниту интерес да се обиде да се наметне за место во тимот.

Изминатово лето се пријавил на подготовките со вишок килограми, и воопшто не покажува мотивација за влез во потребната форма.

Тој преферира да се седи и да зема плата, која воопшто не е мала, односно изнесува 40.000 фунти неделно, или нешто над 2 милиони фунти годишно.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.