Лече со 1-0 ја победи Џенова благодарение на прекрасен гол на Оудин во финишот од натпреварот, гостите цел час играа со фудбалер помалку.
Категорија: Италија 22.09.2023 23:07
Лече е вистински хит на стартот од сезоната во Серија А, по пет одиграни меча немаат пораз, со три победи и две ремија во моментов се на втората позиција. Ова е нивниот најдобар старт една сезона во историјата.
Денеска ја совладаа Џенова која од 36. минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Мартин кој доби два жолти картони.
Одлучувачкиот момент се случи во 93. минута кога Оудин постигна фантастичен погодок од далечина за водство на Лече од 1-0, кое на крајот се покажа и како конечен резултат.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.