24фудбал

Мегваер е повреден, нема да биде во комбинација за дуелот со Баерн Минхен

Хари Мегваер поради повреда ќе го пропушти утрешниот натпревар против Баерн Минхен, тој ионака не е прва опција на Ерик Тен Хаг, но нема да биде опција ниту за влез од клупата.

Лига на Шампиони

Мегваер кој е толку оспоруван и навредуван одамна го загуби стартното место во составот на Манчестер јунајтед, но и без него одбраната на тимот оваа сезона игра лошо.

Тоа беше видливо на мечот со Брајтон кога противникот лесно создаваше шанси и даде три гола.

Мегваер е повреден, па Тен Хаг и да сака да проба варијанта со него за евентуално подобрување на одбраната, нема да може.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.