24фудбал

Фан на Њукасл е избоден во Милано (ФОТО)

Навивач на Њукасл е во болница откако доцна синоќа враќајки се накај својот хотел бил пресретнат и избоден од засега непознати лица.

Лига на Шампиони

Во Милано има многу фанови на Њукасл поради вечерашниот дуел од Лигата на шампионите против Милан на Сан Сиро.

Еден од англиските фанови е во болница откако синоќа бил избоден. Тој со свој син и пријател се враќале во нивниот хотел, пред да стигнат до нивната дестинација, биле нападнати од 7-8 лица. 

Тој бил избоден во грбот и рацете. Во моментов се наоѓа во болница, во стабилна состојба. Неговата фамилија денеска ќе пристигне во болницата, да биде покрај него додека не биде пуштен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.