24фудбал

Тензија и кавги во соблекувалната на Манчестер јунајтед, Тен Хаг морал да смирува (ВИДЕО)

Англискиот весник „Сан“ тврди дека имало големи расправии на висок тон во соблекувалната на Манчестер јунајтед после поразот од Брајтон.

Англија

Манчестер јунајтед лошо тргнаа оваа сезона, клубот го пратат низа проблеми и надвор од теренот и за време на натпреварите каде играат непрепознатливо.

Чашата се прелеала по поразот од Брајтон на Олд Трафорд. Наводно по натпреварот во соблекувалната Бруно Фернандеш на висок тон зборувал со Скот Мектоминеј, а имало кавга и меѓу дефанзивците Мартинез и Линделоф.

Тренерот Ерик Тен Хаг морал да реагира за да ја смири напнатата атмосфера меѓу своите фудбалери.

Од почетокот на сезоната Манчестер јунајтед решаваше и нефудбалски проблеми откако ги суспендираше Санчо и Антони. Првиот поради непрофесионално однесување, а другиот поради обвиненијата за физички напад на девојки.

Следниот меч за Манчестер јунајтед е утре кога му гостуваат на Баерн Минхен во рамките од првото коло во Лигата на шампионите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.