Словенечката легенда Јосип Иличиќ, долгогодишна ѕвезда во Калчо-лигата, лани во октомври се врати во татковината, потпиша тригодишен договор со Марибор и требаше да биде огромно засилување за овој клуб, а после нецела година – доби шут карта.
Категорија: Останато 18.09.2023 23:24
Марибор пред два дена загуби од љубљанска Олимпија со 1-2, а Иличиќ ги одигра последните 14 минути во кои не направи ништо посебно и денеска од клубот буквално го отпишаа.
Словенечката легенда е слободна да си бара друг клуб, а причина за неговото отпуштање е, како што вели тренерот Дамир Крзнар, лошото влијание врз соиграчите и уривање на атмосферата во соблекувалната и клубот.
Сега останува да се види што понатаму со Иличиќ, зашто преодните рокови веќе безмалку секаде се завршени, а нема да биде изненадување ако Словенецот се реши и за пензија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.