Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн вели дека тие треба да бидат добро подготвени за дуелот со Манчестер јунајтед од Лигата на шампионите без разлика на лошата форма на англискиот тим.
Категорија: Лига на Шампиони 18.09.2023 21:16
Манчестер јунајтед е во криза, а се чини дека во најлош период патува во Минхен на дуел со Баерн од Лигата на шампионите.
Кејн смета дека нема да биде лесно како што на многумина им изгледа, вели дека тимови кои се во криза како Манчестер јунајтед секогаш сакаат на голем начин да се вратат.
„Тоа ќе биде тежок натпревар. Знам дека Манчестер јунајтед е во тежок период во моментов, но понекогаш таквите тимови се опасни бидејќи секогаш сакаат да се вратат на голем начин. Па треба да бидеме подготвени за нив и се разбира сакаме навивачите да бидат зад нас. Лигата на шампионите е секогаш посебна, тоа за мене е прв меч со Баерн Минхен во ова натпреварување и секогаш ќе остане со мене, па се надевам дека ќе биде добар меч за нас“, вели Хари Кејн.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.