Томас Тухел нема да биде на клупата на Баерн Минхен во среда на натпреварот против Манчестер јунајтед од Лигата на шампионите.
Категорија: Лига на Шампиони 18.09.2023 15:46
Во среда од 21 часот Баерн Минхен го пречекува Манчестер јунајтед во меч од Лигата на шампионите.
Двата клуба во натпреварот ќе влезат по разочарувања од изминатиот викенд. Баерн Минхен загуби два бода во 94. минута кога Леверкузен им израмни од пенал, а Јунајтед на Олд Трафорд загуби од Брајтон со 3-1.
Баерн Минхен за утрешниот меч ќе биде без Тухел на клупата бидејќи стратегот е суспендиран откако беше исклучен минатата сезона на последниот меч на Баварците на гостински терен кај Манчестер Сити.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.