24фудбал

Ибрахимовиќ се врати во Милан веднаш по дебаклот од Интер! (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ беше присутен на денешниот тренинг на Милан заедно со Стефано Пиоли, Швеѓанецот веројатно е дојден за психолошки да го крене тимот.

Италија

Психолошкото влијание на Златан Ибрахимовиќ врз играчите на Милан, неговиот начин на мотивирање, според многумина беше и клучен за последното скудето кое го освоија росонерите.

Ибрахимовиќ со своите говори знаеше да го крене тимот по разочарувачки резултати, па немаше долги серии на криза.

Милан во саботата доживеа тежок дебакл од Интер откако загуби со 5-1. Веднаш се создаде притисок врз Пиоли и фудбалерите, по што Ибра веднаш се врати со својата ораторска моќ да ги поправи работите.

Во пресрет на дуелот со Њукасл од Лигата на шампионите, Ибра се врати во Милано со цел психолошки да го крене тимот и да не дозволи поразот од Интер да се преслика во лоша форма која подолго ќе трае.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.