24фудбал

Најк веднаш реагираше со соопштение за копачките на Гринвуд!

Гринвуд по долго време го одигра својот прв официјален меч откако настапи за Хетафе против Осасуна.

Шпанија

Гринвуд влезе во финишот од мечот меѓу Хетафе и Осасуна кој неговиот тим го доби со 3-2.

Фудбалерот носеше Најк копачки, па по натпреварот веднаш реагираше производителот со цел да се огради дека му е спонзор на фудбалерот.

„Изјавата од претходно сè уште важи. Мејсон Гринвуд повеќе не е спортист на Најк“, стои во соопштението на Најк.

Тие му беа спонзор се до скандалот со насилство врз девојка му. Потоа ја прекинаа соработката со него и јавно го објавија раскинот на договорот.

Гринвуд мора да носи копачки од некој производител, па ги одбрал Најк веројатно затоа што му се најудобни.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.