24фудбал

На Олд Трафорд ечеше „Вива Роналдо“ (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед има лош старт на сезоната во Премиерлигата, денеска загубија од Брајтон со 3-1, тоа е веќе трет пораз оваа сезона.

Англија

Кристијано Роналдо имаше неславно заминување од Олд Трафорд, откако во интервју кај Пирс Морган се отвори против Ерик Тен Хаг и сопствениците на клубот.

Португалецот веднаш беше избркан од Манчестер јунајтед. Во тие моменти можеби се чинеше дека Тен Хаг е вистинскиот тренер за тимот, но како што одминуваше времето работите се менуваа.

Сега навивачите на Манчестер јунајтед како да признаваат дека Кристијано Роналдо беше во право. Денеска на Олд Трафорд тие пееја „Вива Роналдо“ (да живее Роналдо).



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.