24фудбал

Официјално: Хајдук го потврди Трајковски како ново засилување! (ВИДЕО)

Александар Трајковски од денеска и официјално е играч на Хајдук, денеска беше промовиран со интересно видео.

Македонија

31-годишниот Трајковски како слободен играч потпиша договор со Хајдук од Сплит. Македонецот ќе го носи дресот со бројот девет. 

„Преубаво е чувството да се дојде во Хајдук, со нетрпение чекам да ѝ се приклучам на екипата. Среќен сум што ќе играм во вака голем клуб. Имам искуство, минав низ неколку првенства, многу настапи за репрезентацијата и се надевам дека ќе придонесам за Хајдук да ги исполни целите кои ги зацрта“, изјави Трајковски.

Хајдук направи специјално видео за претставувањето на Трајковски.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.