24фудбал

Нов Македонец потпиша за Џенова

16-годишниот Тома Георгиевски од школата на Њу Старс од Скопје се пресели во Џенова, македонскиот талнт стави потпис на договор со италијанскиот клуб и тргна по стапките на Горан Пандев.

Македонија

Се работи за офанзивен играч од средниот ред кој подолго време бил следен од големи клубови. Еден од заинтересираните бил и Милан, но Џенова победила во трката по потписот на Македонецот.

Интересот на бројните скаути му го донел и прекарот „новиот Милинковиќ-Савиќ“, поради стилот на игра и висината од 182 сантиметри.

Георгиевски поседува и француски пасош, а тоа му го олеснува настапот во Италија бидејќи може да биде запишан како фудбалер од Европската Унија.

Тој има играно за младинските репрезентации на Македонија до 15, 16 и 17 години. 

Италијанските медиуми го истакнуваат како вториот Македонец во Џенова по Горан Пандев кој остави голем траг во овој клуб каде остана седум сезони.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.