24фудбал

Шпанците го нападнаа Роналдо: Пет години нè лажеш, доста е!

Легендарниот Роналдо во 2018 година стана газда на шпански Валјадолид и вети дека доаѓаат подобри денови за клубот, но ништо од тоа не се исполни и екипата падна во вториот ранг на шпанскиот фудбал.

Шпанија

Валјадолид игра во втората шпанска лига и има една победа, едно реми и три порази по пет одиграни натпревари, а тоа ги натера навивачите да излезат на протест.

„Пет години лажеш. На работ сме на амбис и доста ни е“, му порачаа навивачите на Роналдо.

Навивачите бараат заминување од легендарниот Бразилец затоа што сакаат нови сопственици кои ќе вложат во создавање квалитетна екипа.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.