Според пишувањата на ОК Диарио, ПСЖ мерка неколку фудбалери на Реал Мадрид и ќе се обиде да донесе некоја ѕвезда на „кралевите“ како одмазда за „случајот Мбапе“.
Категорија: Франција 12.09.2023 14:04
Килијан Мбапе
одби да ја искористи опцијата за продолжување на соработката со ПСЖ до јуни
2025. Се верува дека напаѓачот веќе има договорено трансфер во Реал Мадрид, и
следното лето како слободен играч ќе се пресели на „Бернабеу“.
Па ПСЖ сака да се одмазди и да „украде“ некоја ѕвезда на „кралевите“. Како што пишува ОК Диарио, на листата со желби која ја креирал Насер Ал Келаифи има пет имиња.
На врвот се Винисиус Жуниор и Родриго, двајца од најперспективните офанзивни фудбалери во светот.
Првиот човек на ПСЖ исто така ги мерка и Орелиан Чуамни и Едуардо Камавинга, кои ќе се вклопат во новата политика, односно ангажман на перспективни француски фудбалери.
Последно име на списокот е Ернесто Валверде, кој полека се промовира во незаменлива алка во тимот на Карло Анчелоти.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.