24фудбал

„Не, не е сон... дома е!“ - Динамо Загреб го пречека Адеми (ФОТО)

Динамо Загреб го пречека Аријан Адеми кој по само шест месеци се врати од Кина, македонскиот репрезентативец повторно ја доби капитенската лента.

Македонија

Динамо Загреб се израдува на доаѓањето на Аријан Адеми, македонскиот фудбалер беше пречекан со шпалир од соиграчите. Клубот објави пост на социјалните мрежи со фотографии од пречекот и напиша: „Не, не е сон, дома е“.

Во отсуство на Адеми, капитен на Динамо Загреб беше бруно Петковиќ, тренерот Сергеј Јакировиќ нема дилеми кој ќе ја носи лентата сега.

„Бруно рече: само еден е капитен. Петковиќ, Ристовски и Мишиќ за мене се продолжена рака. Исто како и Дино Периќ кој е тука веќе пет години. Но кога е на теренот, Адеми ќе биде капитен. Кога него ќе го нема, Бруно ќе ја носи капитенската лента“, рече тренерот Јакиривоќ.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.