24фудбал

Газдата на Манчестер Сити вложи милијарди а во Истанбул само по втор пат ќе ги гледа „граѓаните“

Голем број на извори пренесуваат дека Шеикот Мансур од ложата ќе го следи финалето во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Интер, ова ќе биде само втор пат како сопственикот во живо ги гледа „граѓаните“.

Англија

Манчестер Сити се наметна како фудбалска сила во Англија и Европа откако Абу Даби Јунајтед Груп го купи клубот во 2008 и почна да вложува огромни суми на пари во засилувања. 15 години подоцна, „граѓаните“ се пред историја, не само што прв можат да стигнат до триумф во Лигата на шампиони, сезоната можат да ја завршат со тројна круна.

Финалето во лигата на шампионите против Интер е голем меч, па во Турција ќе пристигне и газдата на клубот, Шеикот Мансур кој иако вложи милијарди, ретко го гледа клубот во живо.

Имено, ова ќе биде само вториот пат како тој од трибините го гледа Манчестер Сити, последниот пат беше дури во 2010, кога Манчестер Сити со 3-0 го совлада Ливерпул.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.