24фудбал

Алегри му се придружува на Роналдо во Саудиска Арабија? Добил 3-4 пати поголема плата

Медиумите од Италија пренесуваат дека емисари од Саудиска Арабија го убедуваат Макс Алегри да се пресели на Средниот Исток, му нудат 3-4 пати поголема плата од онаа која во моментов ја добива во Јувентус.

Англија

На почетокот од оваа недела, генералниот извршен директор на Јувентус, Маурицио Сканавино изјави дека никогаш не било разговарано за отказ на Макс Алегри, но стратегот би можел да го напушти Јувентус откако на негова адреса пристигнала богата понуда од Саудиска Арабија.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, емисари од Саудиска Арабија го убедуваат Макс Алегри да се пресели на Средниот Исток, преговорите се интензивирале во последните неколку дена.

Арапите го примамуваат Макс Алегри со плата 3-4 пати поголема од онаа која во моментов ја добива во Јувентус (7 милиони евра по сезона плус бонуси).

Во Монте Карло ќе се одржи одлучувачки состанок, а Макс Алегри би можел да му се придружи на Кристијано Роналдо во Ал Наср, друга опција е да стане нов тренер на Ал Хилал.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.