24фудбал

Стартниот тим на Интер чини исто колку и Грилиш

Манчестер Сити и Интер вечерва ќе ги одмерат силите во финалето од Лигата на шампионите, „граѓаните“ влегуваат како фаворити и поради формата во која играат и составот кој Пеп Гвардиола го има на располагање.

Лига на Шампиони

Многумина веруваат дека Манчестер Сити е најдобриот тим во Европа во овој момент, на добар пат се до историска тројна круна, Интер е последната пречка во финалето во Лигата на шампиони.

„Граѓаните“ влегува како фаворити на мечот во Истанбул, избраниците на Пеп Гвардиола не само што играат на високо ниво, стратегот на располагање има квалитетен и широк состав.

Само за споредба, стартниот тим на Интер чини исто колку и Џек Грилиш, за кого Манчестер Сити плати околу 117 милиони евра (100 милиони фунти).

Најскап трансфер во првите 11 на „нероаѕурите“ е Барела за кого беа платени 35 милиони евра, а од поскапите засилувања се Бастони (31 милион евра) и Лаутаро Мартинез (25 милиони евра).

Дамфрис чинеше 14 милиони евра, по 5 милиони евра беа одвоени за Димарко и Брозовиќ, за Дармијан беа платени 3,3 милиони евра а за Џеко 2,8 милиони евра.

Онана и Џалханоглу пристигнаа во Милано беспари, додека пак Ачерби е на позајмица од Лацио.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.