24фудбал

Пет причини зошто Интер вечерва ќе го победи Манчестер Сити

Вечерва се игра финалето од Лигата на шампионите, Манчестер Сити е огромен фаворит за големиот трофеј, но суеверието е на страната на Интер.

Лига на Шампиони

За многумина е незамисливо вечерва Интер да го победи Манчестер Сити кој изгледа толку моќно, но во финалињата не победувале секогаш фаворитите.

Суеверието е на страната на Интер, па фановите на овој тим може да се надеваат дека ќе се случи некое чудо и тое ќе го освојат трофејот.

Првиот факт - можеби и најважен е – Интер има Хрват! Марцело Брозовиќ се очекува да биде стартер, а повеќе од деценија е традицијата европскиот шампион во своите редови да има хрватски репрезентативец. За разлика од Интер, Хрват во Манчестер сити нема.

Вториот факт – Симоне Инѕаги нема загубено финале! Поранешниот центарфор во својата кариера како тренер со Лацио има два купа и два суперкупови на Италија, а со Интер исто толку купови и суперкупови, по два, вкупно четири.

Третриот факт – Интер до европска титула секогаш доаѓал кога противникот бркал триплета! Манчестер сити е на чекор до историски потфат, каков што од англиските клубови има само Манчестер јунајтед од историската година 1998/99. Но, Интер во трите освоени европски титули на пат до триплета ги спречил Реал Мадрид во 1964 година, Бенфика во 1965 година и Баерн Минхен во 2010 година кога миланскиот великан со Горан Пандев во тимот дојде до својата „триплета“.

Четврти факт – Вест Хем освои европски трофеј! Иако нема никаква поврзаност на прв поглед, лондонските „чекани“ пред три дена ја освоија Конференциската лига, што е прв нивни европски трофеј по безмалку шест децении, уште од 1965 година кога го освоија КПК. Верувале или не, Во таа 1965 година, Интер ја освои својата втора европска титула со триумфот со 1-0 против Бенфика.

Петти факт – предвидувањата со јајца немаа утка, а најавија победа на Интер! Откако во Јужна Африка на СП во 2010 година се појави октоподот Пол кој немаше утка во предвидувањата, па за секој голем настан или финале, се појавуваа најразлични предвидувања. За оваа сезона во ЛШ, имаше тиктокер кој кршеше јајца за да ги предвиди исходите на мечевите и – немаше утка. За финалето предвиде победа на Интер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.