24фудбал

Столе Димитриевски е во тефтерот на Реал Мадрид

Порано Барселона беше заинтересирана за Димитриевски, а сега тој е мета на Реал Мадрид. Македонецот е еден од тројцата кандидати на кралскиот клуб за резерва на Тибо Куртоа.

Шпанија

Сегашната резерва на Куртоа, Андриј Лунин најавил дека ќе си оди ова лето во потрага по минутажа, па раководството на Реал Мадрид бара негова замена. Кандидати има тројца.

Како прв „пик“ го има чуварот на мрежата на Хетафе, Давид Сорија. Тој има 30 години и беше на голот на Хетафе во сите 38 меча во сезоната која помина обезбедувајќи „чиста мрежа“ 14 пати. Сепак, она што е најважно поврзано со Сорија е дека потекнува од школата на Реал Мадрид и веќе минал низ системот на кралскиот клуб.

Згора на тоа, „Ас“ како предност ги истакнува добрите односи меѓу Реал и Хетафе и веќе воспоставените трансфер-релации. Реал бил подготвен да плати 12 милиони евра за Сорија, со што ќе ја задоволи неговата откупна клаузула, но имајќи предвид дека и Хетафе сака да откупи фудбалер кој веќе играше таму на позајмица (Хуанми Латаса), таа сума би била уште помала.

Наводно, Флорентино Перез и Анхел Томас, раководните лица на клубот, ќе се состанеле идната недела за да го договорат овој потег. Ако не успее намерата со Сорија, добри се шансите на Димитриевски да дојде на „Сантјаго Бернабеу“.

„На Македонецот од Рајо договорот му завршува во 2024 година, што значајно би ја спуштило неговата цена, а тој беше стандарден цела сезона, играјќи преку 3.000 минути“, пишува „АС“.

Третата опција е голманот на Еспањол, Фернандо Пачеко.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.