24фудбал

Инзаги: Имаме подготвено тактика за Халанд

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги вели дека неговиот тим е максимално подготвен за финалето од Лигата на шампионите против веројатно најдобриот тим на светот.

Лига на Шампиони

Инзаги го пофали Манчестер Сити, но вели дека тие ќе дадат се од себе за да дојдат до големиот трофеј.

„Знаеме каков натпревар треба да одиграме. Знаеме дека Манчестер Сити во моментов е најдобриот тим во светот. Го знаеме нашиот пат, горди сме што сме тука и ќе направиме се за да бидеме фокусирани и да ги сведеме грешките на минимум“, вели Инзаги.

„Не сме релаксирани, комплетно сме фокусирани, ќе се бориме против навистина силен состав. Средниот ред ќе биде многу важен, но не само тоа, потребни ни се нозе, глава и срце“.

„Имаме можност да се запишеме во историјата на овој клуб. Тешко е, но ќе го дадеме најдоброто. Знаеме што значи овој натпревар за сите во Интер, од клубот до фановите. Фановите секогаш биле со нас, имаме голема одговорност“.

„Знаеме колку силен е Халанд. Подготвивме нешто да го држиме тивок, сите во Интер треба да бидеме добри во тоа да го лимитираме него и целиот тим. Тие се бранат добро, напаѓаат добро. Ние ќе се обидеме да го играме нашиот фудбал“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.