24фудбал

Гвардиола: Подготвени сме, мислам дека сме подготвени да го освоиме трофејот

Пеп Гвардиола вели дека изгледал колку што е можно повеќе мечеви на Интер со цел да го запознае противникот и да ја креира тактиката со која ќе им се спротивстават во утрешното финале.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити утре го игра второто финале во Лигата на шампионите, во првото беа поразени од Челси, а сега се големи фаворити против Интер.

„Точно знаеме колку е важно ова натпреварување. Ние сме фокусирани на тоа што треба да го направиме. Изгледав колку што можам повеќе натпревари на Интер за да ги запознаам колку што е можно подобро. Тоа што е најважно утре е да го дадеме најдоброто од себе. Тоа ќе ја направи разликата“, вели Гвардиола.

„Тие можат да те нападнат од средина, можат да нападнат од крило. Тоа е многу тешко да го контролираш. Ако оставиме ситуации еден на еден, ќе не уништат. Ќе се обидеме да се браниме колку што е можно подобро и да одиграме добар меч“.

„Ова е поинаков натпревар од оној од пред две години. Многу работи се променија. Планиравме да имаме добар меч против Челси, но не успеавме. Утре ќе биде исто. Подготвени сме. Имам чувство дека сме подготвени. Фудбалерите се чувствуваа добро, знаејќи дека треба да го почитуваат квалитетот кој го има Интер“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.