24фудбал

Халанд од дете сонува да ја освои ЛШ, од кога видел како Манчестер јунајтед го прави тоа!

Ерлинг Халанд открива дека од седум годишна возраст сонува да ја освои Лигата на шампионите, тогаш видел како Манчестер јунајтед го прави тоа кога на пенали го совлада Челси во финалето во 2008 година.

Лига на Шампиони

Во 2008 година Манчестер јунајтед го победи Челси на пенали и го крена пехарот од Лигата на шампионите. Тоа било првото финале од ЛШ кое Халанд го памети и оттогаш сонува да го крене големиот пехар.

„Сонувам и мислам на освојување на Лигата на шампионите цел мој живот, тоа ми е сон откако паметам за себе. Во 2008 година беше финалето меѓу Челси и Јунајтед. Кога видов како слават, посакав и јас да го направам тоа и сега сме блиску“, вели Халанд.

„Манчестер Сити веќе ја имаа освојувано Премиерлигата двапати по ред пред да дојдам тука, па веќе знаат да го прават тоа без мене. Единствената работа која им недостасува е Лигата на шампионите, па можете да читате меѓу редови... тука дојдов со причина“.

Халанд утре ќе ја има првата шанса да си го оствари сонот, Манчестер Сити игра против Интер во големото финале од Лигата на шампионите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.