24фудбал

Мануел Нојер би можел да брани за Хајдук!?

Луда шпекулација од хрватските медиуми која им добра подлога, „24 сата“ тврди дека Мануел Нојер ова лето би можел да пристигне во Хајдук и да брани за сплитскиот клуб во наредната сезона.

Останато

Првиот човек на Хајдук, Лука Јакобушиќ веќе е во разговори со германскиот голман. Информациите велат дека Нојер нема да го продолжи договорот со Баерн кој му истекува идното лето, а би можел да замине уште во овој преоден рок.

Односите меѓу Нојер и Баерн Минхен веќе со месеци се влошени. Почнаа да се влошуваат кога Нојер ја скрши ногата на скијање за кое немаше дозвола од клубот, а кулминираа со бркањето на тренерот на голманите, Тончи Тапаловиќ кој му беше голем пријател и кум на славниот голман.

Нојер е заљубен во Далмација секое лето доаѓа на хрватското крајбрежје, а ланското лето од Германија дојде во Хрватска на велосипед. Дури се потенцира дека на последното доаѓање во Далмација, Нојер им ветил дека ќе игра за Хајдук, а веќе неколкупати и го облекол дресот на сплитската гордост во знак на почит кон клубот и регионот кој е болен по фудбал.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.