Полека се завршуваат и последните формалности за да се случи мега трансферот на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд во Реал Мадрид.
Категорија: Англија 08.06.2023 16:56
Последните информации велат дека Белингем денеска ги поминал медицинските тестови. Договорот е потпишан и тој е со трајност до јуни 2029 година.
Планот на Реал Мадрид е официјално да го презентира пред медиумите во текот на следната недела, а дотогаш би требало да објави дека трансферот е комплетиран.