24фудбал

Беласица со нов тренер ќе тргне во трката по Прва лига

ФК Беласица уште сега ги поставува темелите на новата сезона, назначувајќи нов шеф на стручниот штаб.

Македонија

Екипата ќе ја предводи Васе Беќаров, стратег кој поседува ПРО-лиценца, беше селектор на македонската репрезентација до 17 години, а цели шест години го водеше гевгелиски Кожув.

„Чест, задоволство и голема обврска е да се биде шеф на стручниот штаб и да се води еден клуб со голема традиција и реноме како струмичка Беласица. Благодарност до управата за укажаната доверба и поддршка која ја добив. ФК Беласица заслужува прволигашски статус и ние заедно секојдневно ќе се бориме за тоа", изјави Беќаров.

Беласица заврши на десетто место минатата сезона, но со млада екипа и со искусен стратег ќе се обиде да се замеша во борбата по Прва лига во 2023/24.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.