24фудбал

„Интер Мајами не е подготвен за Меси, нема ограда на стадионот, може да влезе кој сака, нема обезбедување...“

Голманот на Интер Мајами, Ник Марсман верува дека клубот не е подготвен за суперѕвезда како Лео Меси, се прашува како клубот ќе ја гарантира безбедноста на Аргентинецот.

Останато

По многу шпекулации за иднината на Лео Меси, Аргентинецот пресече и синоќа откри дека кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, во редовите на Интер Мајами.

Одлуката предизвика лудило помеѓу неговите фанови во САД, па цените на билетите на натпреварот на кој се очекува неговото деби пораснаа за речиси 20 пати.

Но голманот Ник Марсман има одредени сомнежи и верува дека Интер Мајами во моментов не е подготвен за суперѕвезда како Лео Меси.

„Лично јас верувам дека не сме подготвени за пристигнување на Лео Меси“ – вели Холанѓанецот во разговор со ЕСПН.

„Играме на привремен стадион каде секој може да си влезе на теренот, нема ограда. Исто така нема обезбедување кога патуваме од тренинг центарот до стадионот. Мислам дека клубот не е подготвен“.

Интер Мајами гради нов модерен стадион вреден 1 милијарда долари, па привремено игра на ДРВ ПНК Стадионот во Форт Лодердејл, кој има капацитет од нешто над 19.000 гледачи .


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.