24фудбал

Анчелоти го нападна газдата на Милан по отказот на Малдини: Таквите како тебе се осудени на пропаст

Карло Анчелоти го критикуваше газдата на Милан и одлуката да му врачи отказ на Паоло Малдини, вели дека клубовите кои на бизнисот му даваат поголемо значење од спортскиот аспект се осудени на пропаст.

Италија

На почетокот од оваа недела, новиот сопственик на Милан, Гери Кардинале му врачи отказ на Паоло Малдини, одлука која ги изненади навивачите, но и добар дел од фудбалерите.

Во разговор со Ил Џорнале, Карло Анчелоти го критикуваше овој потег, смета дека Гери Кардинале не покажал почит кон историјата на „росонерите“ и го предупреди дека таквите како него се осудени на пропаст.

„Во Мадрид, научив дека секогаш мора да имате почит кон историјата“ – вели Дон Карло.

„Тука, Ди Стефано, Амансио, Хенто и Пушкаш се ексклузивни вредности кои и ден денес се почитуваат. Она што му се случи на Малдини е доказ за немање на почит кон историјата и традицијата. Точно е дека историјата не ви носи победи, но историјата ве учи како да победувате“.

„Фудбалските клубови кои приоритет му даваат на бизнисот а не на спортскиот аспект се осудени на пропаст“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.