Барселона не успеа да го добие Лео Меси, но може да направи напор да се утеши со ангажман на Нејмар, кој би бил големо засилување за тимот.
Категорија: Шпанија 08.06.2023 09:24
Откако го испуштија Меси, Каталонците се подготвени да активираат план Б и да донесат друга фудбалска ѕвезда која може да прави разлика.
„Спорт“ пишува дека Нејмар се понудил да се врати во Барселона, тој прифатил намалување на платата, но операцијата ќе биде комплицирана.
Нејмар има договор со ПСЖ до јуни 2025 година, па нејасно е колкаво обесштетување ќе побараат тие иако сакаат да се ослободат од Бразилецот.
Платата на Нејмар во ПСЖ е огромна, па прашање е и колку е подготвен Бразилецот да си ги намали примањата за трансферот да биде комплетиран.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.