24фудбал

Мурињо ќе го продолжи договорот со Рома до 2026

Информациите од Италија велат дека наскоро Жозе Мурињо ќе стави потпис на нов договор со Рома.

Италија

По состанокот со газдите на клубот, Жозе Мурињо одлучи да остане во Рома, неговиот актуелен договор со волчицата истекува во јуни 2024 година.

Последните информации од Италија велат дека наскоро Португалецот ќе потпише продолжување за уште две години со што трајноста на договорот ќе биде до јуни 2026 година.

Мурињо имал понуди од Саудиска Арабија, но и покрај големите пари кои му ги нуделе, тој нема намера да си замине од Европа.

Рома за минатата сезона имаше трансфер буџет од само седум милиони евра, па веројатно тоа ќе биде променето ова лето.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.